mk bg en
Tags:

Logo2

Член 1

Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од ОпштинаДелчево  е здружение, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување на јавни и културни интереси и усогласување на своите интереси во областа на изучување, негување, развивање, унапредување, зачувување и презентирање на македонскиот фолклор и обичаи изразено низ народни игри,песни,инструменти и носии,кои го изразуваат историското минато и богаство на културното наследство и традиции на македонскиот народ и етничките заедници кои живеат на просторот на Република Македонија. 

Член 2

Граѓаните се здружуваат во Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево , заради остварување на поширок општествен интерес преку едукација, негување и развивање на вештини за изчување и презентирање на културата (македонскиот фолклор и фолклорот на етничките заедници кои живеат во Република Македонија)  .

Член 3

Здружението Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево,  како здружение своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој Статут како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.

Член 4

Називот на здружението е Здружение Културно Уметничко Друштво ,,Гоце Делчев“ од Општина Делчево  (Во натамошниот текст КУД “Гоце Делчев“Делчево ).

Член 5

Седиштето на Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево  е во  Општина Делчево.

Здружението КУД“Гоце Делчев “ Делчево се организира и делува на подрачјето на Општина Делчево и останатите општини во Република Македонија со посебен акцент на општините кои се во Источно Планскиот Регион од Република Македонија.

Член 6

Здружението КУД“Гоце Делчев“  Делчево е правно лице.

Здружението  КУД“Гоце Делчев“ Делчево има свој печат и штембил.

Печатот има тркалезна форма со испишан текст: Културно Уметничко Друштво “Гоце Делчев“ Делчев. Во средината на печатот е напишано “Гоце Делчев“Делчево.

Штембилот на Здружението има правоаголна форма со истиот текст со тоа што има место за пишување на број и дата . Текстот е испишан со кирилично писмо на македонски јазик . 

Tags:

Член 7

Граѓаните се здружени во Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:

Создавање на просторни, материјални , кадровски, финасиски и други услови за масовно прифаќање на членови-љубители на фолклорните традиции ;

Формирање на секции и групи за изучување на фолклорните, играорните, песнопојните, инструментални, сценски и други уметнички спосбоности на членовите

Формирање на секции за балет, модерен балет , маникенство, фолклор, традиционална храна  

Јавно практикување на фолклорните традиции - народните игри,  песни, инструменти, носии, традиционална храна и други уметнички манифестации;

Изработка, набавка и одржување на народните инструменти, носии, нотни записи, кореографии, фото-аудио-видео материјали и сл;

Организирање и учество на семинари, предавања, фестивали, јавни приредби, и др.манифестации од областа на културата;

Издавање информативно-пропагадни материјали , книги, брошури, компакт-дискови филмови и други матерјали за културната традиција, обичаи, народни игри, песни, инструменти, носии и др.уметнички манифестации;

Организирање и реализација на туристичко-пропагадни патувања и турнеи;

Претставување и застапување на членовите ;

Врши дејност за посредување во културата;

Врши музичка и сценска уметничка дејност;

Член 8

Во остварување на своите цели и задачи организацијата ќе соработува со :

Организации и Асоцијации за регионален развој;

Други вонпарламентарни, парламентарни, невладни, непартиски организации,  здруженија и сојузи во Републиката и Светот;

Стручни-научни организации, сојузи, асоцијации и институции;

Општините од регионите и пошироко.

Член 9

Здружението своите цели, интереси активности, права, должностите и одговорности ги оставрува преку:

Спроведување на заеднички проекти за членовите;

Организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, работилници, изложби и видео презентации;

Покренување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението;

Упис на нови членови;

Формирање на тимови по области за имплементација на Стратешките документи на Здружението;

Вршење на други работи согласно овој Статут, Законите и Уставот на РМ

Член 10

Прoграмата, целите и задачите на Здружението не можат да бидат насочени кон:

Насилно уривање на уставниот поредок;

Поттикнување или повикување на воена агресија;

Разгорување на национална, верска или расна нетрпеливост. 

Tags:

Член 11

Член на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  може да биде секој граѓанин – државјанин на Република Македонија кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава .

Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во здружението, задолжително се враќа.

Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

Член 12

Членот има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението.

Секој член може доброволно да истапи од здружението.

Член 13

Исклучувањето од членство во здружението се остварува во следните случаи:

  • Со исклучување поради непридружување на одредбите од Статутот на Здружението;

Одлуката за исклучување донесува Собранието на Здружението по предлог на Извршниот Одбор.

Престанок на членството во здружението настанува во следните случаи:

  • По сопствена желба;
  • Во случај на смрт на членот.

Член 14

Обврски на членовите во Здружението се:

  • редовно да ја плаќаат чланарината;
  • да присуствуват на состаноците:
  • да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението.
Tags:

Член 16

Работата на Здружението  КУД“Гоце Делчев“Делчево е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на (членовите, други здруженија/ НВО, или пошироката јавност) за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.

За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата,електонските медиуми.

Tags:

Член 17

            Здружението остварува средства од:

  • членарина;
  • донации;
  • буџет;
  • провизии од органи, организации, заедници и од други услуги;
  • од трговски друштва;
  • и од други услуги (имотни права и сл).

Член 18

Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

Член 19

За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отстранувањее на незаконитостите.

Член 20

Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.

Финансисикиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 16 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата. 

Tags:

Член 21

Со Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  управува организаирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите.

Права и должности на претставникот се:

  • претставникот да избира и да биде биран во органите на Здруженито:
  • претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес:
  • да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;
  • да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
  • да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;
Tags:

Член 22

Органи на Здружението  КУД“Гоце Делчев“Делчево  се:

  1. Собрание
  2. Извршен одбор
  3. Надзорен одбор
  4. Советодавен одбор
  5. Извршна канцеларија
  6. Извршен Директор

Член 23

Собранието на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  брои 15  претставници кои се избираат и го сочинуваат сите граѓани-членови на Здружението.

Мандатот на претставниците трае  4 години.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 24

Седници на Собрание ги свикува претседателот на Собранието.

Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.

Седница на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на надзораната комисија.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 25

Собранието на Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево од редовите на своите претставници избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собранието, на редовни и вонредни собранија.

Член 26

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.

Во надлежност на Собранието е следното:

  • го донесува Статутот на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево и врши измени и дополнувања на истиот:
  • избира и разрешува членови на Извршниот одбор ина други органи кои здружението ги има формирано ;
  • усвојува прграмска ориентација за работа на Здруженито за период од 4 години, операционализирано во годишните програми;
  • го разгледува и усвојува извештајот за работа  на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
  • ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Здружението;
  • расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
  • донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
  • решава за формирање на ограноци на Здружението;
  • врши и други работи кои прозлегуваат од Статутот и законите.

Член 27

Извршниот Одбор на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

Член 28

Извршниот Одбор на Здружението КУД“Гоце Делчев“ Делчево брои 5 члена.

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 години.

Извршниот одбор од своите редови избира претседател со мандат од 4 години.

Член 29

Во надлежност на Извршниот одбор е следното:

ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението КУД“Гоце Делчев“, како и одлуките и заклучоците на Собранието:

  • донесува и реализира годишна програма за работа;
  • предлага измени и дополнување на Статутот;
  • донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
  • свикува седници на Собранието и припрема материјали;
  • донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;
  • организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
  • донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;
  • донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
  • дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на Извршната канцеларија  на Здружението  КУД“Гоце Делчев“Делчево ;
  • донесува одлуки по приговори и жалби;
  • врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

Член 30

Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на Извршниот одбор ја свикува Претседателот.

Предлог за свикување на Извршниот одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор, една третина од претставниците на Собранието, по предлог на надзорниот одбор .

Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор. 

Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот одбор се уредува со Деловник за работа;

Член 31

Заради извршување на статутарните и програмските задачи и одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот Одбор формира Надзорен Одбор и други работни тела.

Надзорниот Одбор врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменското располагање со средствата и приходите на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево.

Своите наоди и одлуки Надзорниот Одбор ги доставува до Собранието и Извршниот одбор на Здружението КУД“Гоце Делчев“од Општина Делчево. 

Tags:

Член 32

За извршување на административно–стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  се формира Извршна канцеларија.

Член 33

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Извршната Канцеларија  ги утврдува Извршниот Директор на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево во согласност со законските норми и Статутот.

Член 34

Средствата за работа на Извршната канцеларија  се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.

Член 35

Со Извршната Канцеларија  на Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  раководи Извршниот  Директор.

Извршниот директор  го именува и разрешува Извршниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.

Извршниот Директор правото од работен однос го остварува во Здружението од денот на именувањето, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.

Член 36

Права, обврски и надлежности на Извршниот Директор:

-Извршниот Директор  на Извршната канцеларија  раководи со работата на стручната служба;

-Извршниот Директор е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;

-Извршниот Директор  е наредавател и потписник на сметката на Здружението;

-Извршниот Директор  е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа;

-се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор;

-во правниот промет презема мерки и дејствија во има и за сметка на Здружението

се грижи за правилна примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;

Член 37

Здружението КУД“Гоце Делчев“Делчево  ќе престане со работа ако:

-затоа одлучат членовите на Здружението,

-ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање,

-ако настапат причини утвредни по член 63  од Законот.

Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Член 38

По престанок на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на оснивачите  на Здружението.

Член 39

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Здружението КУД“Гоце Делчев“ а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на Здружението.

Член 40

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.